Ливерпул славеше со 2-0 против Евертон го големото „Мерсисајд“ дерби во рамки на 34.коло во Премиерлигата.
„Црвените“ поставија рекорд во Премиерлигата, бидејќи имаа неверојатни 85 отсто од поседот на топката за време на натпреварот. „Бункерот“ на гостите не издржа, бидејќи во второто полувреме погодија Енди Робертсон во 62-та и Дивок Ориги во 85-тата минута за да ја обезбедат победата за домашните.
Ливерпул сега е втор на табелата со 79 бодови, еден помалку од лидерот Манчестер сити. Евертон е во опасната зона, на 18.место со 29 бодови, два помалку од Барнли.