Берлинска Херта со 2-0 го совлада Штутгарт во дербито за опстанок во Бундеслигата.

Дејви Селке донесе водство за тимот од Берлин во 4.минута од средбата, а конечните 2-0 ги постави Ишак Белфодил во судиското продолжение на натпреварот.

Херта има 32 бода на 15.место, додека Штутгарт е место подолу со 28 бодови.