Карлос Алкарас е победник на АТП турнирот во Барселона.
Младиот шпански тенисер на 11 дена пред 19. роденден ја освои третата титула сезонава.
Тој во финалето во Барселона го победи својот пријател и сонародник Пабло Карено Буста со 6:3, 6:2 по само 67 минути игра.
За се да биде нереално, треба да се каже дека Алкарас до победата дојде само неколку часа откако извојува тешка победа во полуфиналето над Алекс де Минор.
Тенисерот од Мурсија на тој меч на теренот мина три часа и 38 минути и славеше со 6:7 (4), 7:6 (4), 6:4.
И тоа не беше проблем, иако Карењо Буста имаше повеќе време за одмор, по победата над Диего Шварцман со 6:3, 6:4.
Алкарас веднаш презеде иницијатива и покажа зошто е една од најатрактивните тениски приказни оваа сезона.
Во почетниот сет направи брејкови во петтиот и деветтиот гем и по 35 минути поведе со 6:3.
Слично беше и во вториот сет, со тоа што до брејковите стигна во шестиот и во последниот осми гем.
Младиот тенисер ја додаде Барселона на титулите во Рио и Мастерсот во Мајами, а на земјена подлога од почетокот на годината има скор 11:0.
И не само тоа, негова награда ќе биде влезот во Топ 10 на АТП листата, од понеделник ќе биде на деветтото место .