Фудбалерите на Брајтон доминираа на гости во Лондон кај Вест хем, но мораа да се задоволат само со бод (0-0) во 20. коло од Премиерлигата.
Во дербито за Европа кое што се играше на „Лондон Стадиум“ голови немаше (0-0), но и покрај тоа фановите можеа да уживаат во големата борба и бројните шанси кои што ги креираа двете екипи. Поофанзивен беше тимот на Брајтон, кој испрати дури дваесет удари кон голот на домаќинот, но ниту еден не заврши во мрежата на домаќинот. Најголемите шанси за „сино-белите“ ги пропуштија ветераните Лалана и Велбек, Модер и младиот Фергусон.
На спротивната страна, Вест Хем кој беше во серија од три победи и тоа без примен гол, и вечерва одигра во свој стил, цврсто и борбено во одбрана и трпеливо во напад, но овој пат не успеа да го изненади противникот, како што беше во случаите против Арсенал, Манчестер Јунајтед и Вулверхептон.
Брајтон беше подобар тим на теренот и во двете полувремиња, а посебно во вторите 45 минути кога создаде дури 17 шанси, но не искористи ниту една од нив.
Вест хем останува на шестата позиција со 34 бодови, додека Брајтон е на седмо место со 31 бод.