Кошаркарите на Оклахома газат се пред себе, го победи и најдобриот тим моментално во НБА, Бостон Селтиксќ
Тимот предводен од 38-годишниот Марк Дегно во моментов ја има најдолгата победничка серија во лигата бидејќи славеше на последните пет натпревари, како и на осум од последните девет натпревари. Последна жртва на Оклахома е најдобриот тим во НБА во моментов Бостон Селтикс кого синоќа го совлада со 127-123.
Лидер на оваа екипа на Оклахома е Шеј Гилџес Александер кој против Бостон постигна 36 поени, 7 асистенции и 6 скока, но се истакнаа и Гиди со 23 и Вајт со 19 поени. До овој натпревар, токму Бостон ја имаше најдолгата победничка серија која изнесуваше шест победи.