Џенова славеше со минимални 1-0 против Калјари во дербито за опстанок во Серија А во рамки на 34.коло.
Херој на џеновјаните беше Милан Бадељ, кој погоди за три бода во 89.минута од натпреварот. Интересно ова е само трета сезонска победа за Џенова во италијанската елита.
На табелата Џенова останува на претпоследното место со 25 бодови, колку што има и Салернитана на 18-тото, додека Калјари на 17-тото место има 28 бодови.