Фудбалерите на Вабрес, мал град со 1200 жители, залудно ги чекаа своите ривали на почетокот на натпреварот. Гостите , фудбалскиот клуб Тарбес пристигнаа на стадионот со час доцнење, па судијата и делегатот одлучија натпреварот да не се одигра и дека Вабрес ќе помине без борба.
Што се случи со патувањето на Тарбес? Шестолигашот тргна на време, неколку часа пред натпреварот, но возачот на автобусот ги однесе во комплексот Вабре, место на околу 80 километри од местото каде што требаше да се игра, наместо во Вабрес-Абај.
„Беа многу разочарани … Патуваа седум часа. Најлошото беше кога стигнаа до мост на околу километар од стадионот. Автобусот не можеше да помине понатаму па тие излегоа со брзина и почнаа да трчаат кон стадионот за да стигнат што е можно поскоро до стадионот. Се надевам дека во следното коло, ривалите ќе го најдат нашето место и ќе дојдат на време “, изјави Јохан Моурао, играч и тренер на Вабрес.