Веста дека тенисерите кои сакаат да настапат на Австралија опен ќе мора да се вакцинираат против вирусот корона, предизвика голема бура во светската јавност.
Бројни медиуми веднаш почнаа да шпекулираат дека поради оваа одлука бранителот на титулата и деветкратен шампион на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, ќе го откаже учеството на првиот грен слем сезонава.
Новак беше нападнат од светските медиуми од почетокот на пандемијата поради неговите ставови за вакцините. Иако тој никогаш не рече дека е против имунизација, тој беше обвинет за застапување ставови против вакцина.
Меѓутоа, еден американски портал на интересен начин дошол до заклучок дека најдобриот тенисер на светот бил вакциниран против короната.
Имено, Ѓоковиќ неодамна го посети популарниот музички фестивал во Њујорк „Самерстејџ“, каде што не можеше да се присуствува без потврда за вакцинација. Само вакцинирани посетители можеа да влезат во Централ парк, каде што беше фотографиран српскиот ас.
https://twitter.com/w42st/status/1430315597947146241?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1430315597947146241%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ftenis%2F3780481%2Fnovak-djokovic-vakcina-americki-mediji-samerstejdz-australijan-open-tenis-korona