Македонскиот каратист Дејан Недев го освои златниот медал во кати на Европското првенство во карате во сениорска конкуренција, кое се одржи во полскиот град Катовице.
За златното одличје нашиот каратист се избори по жестока конкуренција од 28 натпреварувачи од најсилните европски карате земји.
Недев долги години бележи одлични успеси на меѓународна сцена, а за него ова беше седма европска титула во неговата богата кариера.