Ѓоковиќ го нападна Чилиќ уште во вториот гем и не искористи две брејк шанси, но сепак го скрши отпорот на Хрватот во четвртиот гем (3-1), по што беше сигурен на свој сервис за конечни 6-3 во првиот сет.
И вториот сет беше решен со еден брејк, кој се случи во првиот гем, кога Ѓоковиќ ја искористи првата брејк шанса и поведе со 1-0, по што не му дозволи на хрватскиот ривал да се врати во игра (6-4).