Светската, европска и олимписка шампионка во џудо Марго Пино (27) на Твитер објави своја фотографија на која се гледа изобличено лице, тешко претепана од нејзиниот партнер и тренер Ален Шмит (38).
Тогаш Шмит беше уапсен за насилство врз освојувачот на олимпискиот златен медал во Токио, а Пино ја објави својата верзија на настаните.
“Ноќта меѓу саботата кон неделата бев жртва на напад во мојот дом од страна на мојот партнер и тренер. Бев навредувана, удирана, неколку пати ме удираше со главата на земја. И на крајот ме задуши. Мислев дека можам да умрам, но успеав да избегам кај соседите кои веднаш повикаа полиција. Имам неколку повреди меѓу кои и скршен нос“, напиша Пино на социјалните мрежи.
27-годишната девојка добила бројни удари по лицето од партнерот и тренерот, кој бил во алкохолизирана состојба, велат полициски извори, а потоа била пренесена на лекување во болницата Авицена во Бобињи.
Шмит заврши во притвор 48 часа, но потоа беше ослободен. Во образложението на судот се наведува дека немаат доволно докази против него, поради што е пуштен на слобода. Тој тврди дека никогаш не ја удрил Пино и дека повредите настанале откако таа се лизнала и паднала по нивната љубовна расправија.
Француската џудистка сепак планира да поднесе жалба, а Шмит наводно добива смртни закани.
Пино во досегашната кариера беше светска шампионка во 2019 година, а има и два златни медали од европските првенства во 2019 и 2020 година.