Мрежата на „ѓаволите“ се затресе по само осум минути, кога Фоден погоди за 1-0, а потоа за само три минути (од 34 до 37) Халанд успеа да погоди двапати и да зголеми на 3-0.
Актуелниот првак продолжи со нападите кон голот на Давид Де Хеа, кој мораше да ја вади топката од својата мрежа и во 44. минута, откако Фоден стрелаше за 4-0.
Надежта на Јунајтед ја врати Ентони, кој погоди за 1-4 во 56. минута и „ѓаволите“ се надеваа дека ќе се спасат од дебакл, но сепак само неколку минути подоцна Халанд стигна до хет-трик (5-1), а потоа и Фоден (6-1).