Италијанска Рома е далеку од фудбалскиот крем и според финансии и според трофеи, но римската „волчица“ барем во еден сегмент е меѓу најдобрите на Стариот континент веднаш до најтрофејниот клуб на светот Реал Мадрид.
Овие два тима, „кралевите“ и римјаните се единствени со по четири полуфиналиња во последните шест сезони, од 2017/18 наваму. Реал има четири, нормално сите во ЛШ, а четирите на Рома се две во ЛШ и по едно во Конференциска лига која лани ја освои и сега во Лига Европа.
За „волчицата“ ова е второ европско полуфинале по ред, па полн погодок е ангажманот на Жозе Мурињо, кој лани во Тирана го донесе првиот европски трофеј.
https://twitter.com/OptaPaolo/status/1649166250365288448?s=20