Црногорскиот фудбал е под сериозни сомнежи за наместени натпревари, а најновиот скандал доаѓа од натпреварот меѓу Младост и Дечиќ што заврши со триумф на гостите од 0-3.
Првиот гол на Дечиќ е постигнат на неверојатен начин. Домашниот дефанзивец Звонко Цекиќ буквално се помести и му ослободи простор на Бојан Матиќ да постигне гол.
Сигурно дека овој натпревар ќе биде предмет на истрага и од УЕФА.