Лионел Меси официјално пристигна во Париз, каде успешно ги мина медицинските прегледи.
Утре раководството на ПСЖ закажаа прес-конференција во 11:00 часот на која се очекува да се одржи официјално претставување на “месијата”. Согласно потпишаниот договор платата ќе биде од 35-40 милиони евра, во зависност од остварените игри.
Деталите од историската соработка ќе бидат комплетирани во хотелот каде што Меси е сместен со своите најблиски.
Дебито на Меси за ПСЖ се очекува веќе овој викенд, кога ПСЖ го пречекува Стразбур.