Димитриевиќ за шпанските медиуми кажа дека со нетрпение очекува да почне да настапува за својот нов клуб Валенсија.

“Ова е голем предизвик за мене и со нетрпение очекувам да почнам да играм” – изјави Нено.

Кошаркарската јавност во Македпнија очекуваше негов став околу неговото откажување на репрезентативните настапи во квалификациските натпревари за Македонија но не спомна ништо околу тоа.

Оваа сезона Димитриевиќ е нов член на Валенсија а претходната со голем успех го носеше дресот на Хувентуд каде имаше просек од 10.4 поени и 3.6 асистенции по натпревар.