На едно од новинарските прашања Меси изјави:
“Сите знаат колку ми беше тешко да ја напуштам Барселона, тешко ми е да замислам промена по толку време. Но, откако дојдов тука, сум исполнет со ентузијазам. Воодушевен сум од престојот во Париз, Уживам во него и моето семејство. Сега сакам само да тренирам и да се сретнам со моите соиграчи и тренер. Кога Барса објави дека не може да ме регистрира, се беше решено многу брзо. Сакам да победувам и да победувам со овој клуб, затоа дојдов “, кажа Меси.
На прашањето дали е спремен за деби за ПСЖ изјави:
“Не можам да кажам во овој момент кога ќе почнам да играм, тукушто се вратив од одмор. Не тренирав еден месец и ќе ми треба време. Се надевам што е можно поскоро, но не можам да го кажам точниот датум. “Би сакал да им се заблагодарам на парижаните за неверојатниот пречек. Ако имав нешто што требаше малку да се расположам, тогаш тоа беше ова. Верувам дека ќе доживееме многу среќни моменти заедно “, рече Меси.