Един Џеко е нов играч на Интер, објави миланскиот клуб на својата официјална веб -страница. Босанскиот фудбалер потпиша двегодишен договор.
Тој се согласи на двегодишен договор со Интер вреден 5,5 милиони евра со одредени бонуси. Џеко веќе одигра еден пријателски натпревар за новиот клуб. Одигра 45 минути против Динамо Киев и го постигна првиот гол.
“Интер е задоволен што го ангажира Един Џеко. Напаѓачот се приклучи на клубот од Рома, и тој потпиша двегодишен договор до 2023 година”, напиша Интер на официјалната веб-страница.
Џеко ќе го замени Ромелу Лукаку, кој премина од Интер во Челзи за 115 милиони евра и ќе го наследи дресот со број девет, кој му припаѓаше на Белгиецот.