Пелистер ја запиша втората победа на Струшкиот ракометен турнир и ќе играат во утрешното финале против победникот против Вардар1961 или Бутел. Овојпат битолчани го совладаа Тиквеш 2014 со реултат 21-38.
Кизиќ беше солиден на голот, а разигран во офанзивата беше Обрадовиќ, кој непрестано ја полнеше мрежата на Тиквеш. Брзоплетоста на Тиквеш донесе многу грешки во нападот. Секој испад ривалот го казни со контра напад. Тоа беше глетката во првиот дел, во кој фаворитот ја оправда улогата. Подолгата клупа си го направи своето, па Еурофарм Пелистер замина на пауза со одлична предност (9-20).
Тиквеш прими три гола во низа на стартот од вториот дел, што донесе прв тајм-аут на натпреварот. Предноста на тимот на Бабиќ не престана да расте. Темпото на игра очекувано падна, со оглед на тоа што финишот беше далеку од неизвесен.