Данскиот голман на Порто одбрани пенал на три секунди до крајот на мечот чувајќи вредно реми за португалскиот претставник. Резултатот е голем подвиг, ако се знае дека во 55 минута беше 28-24 за Монпелје, но тогаш Педро Круз се истакна постигнувајќи три гола едноподруго, како инспиратор за камбекот со серијата од 4-1.
Мечот постојано беше со тесен резултат, најчесто со водство на Французите, со исклучок на првите 15-тина минути. Тогаш Порто имаше максимални 9-5, сепак на пауза Монпелје отиде со предност, со 14-13. Во вториот дел водството варираше, а минутажа доби и Никола Митревски, кој запиша само една одбрана. Неговиот колега стигна до девет, а вкупно девет имаа двајцата чувари на мрежата на Монпелје, Бонефуа (8) и Шего. Кај стрелците, Ареја предводеше со шест гола, по пет имаа Симонет и Валиниус за Монпелје.
Реваншот во Франција е в среда и на него Митревски и соиграчите ќе бараат или сензационална победа или реми со повеќе од 58 гола.