Пандевци завчера се пофалија со партнерството со аматерскиот тим од Милано, најавувајќи една поинаква и современа приказна, откако лани првпат овој тим стигна до вицешампионската круна и втор излез во Европа после освојувањето на Купот во 2019 година, како најголем успех досега.
Пандев кој е рекордер по број на настапи (122) и голови (38) за Македонија посочи дека со партнерството со Брера, сега ќе може да се исполни сонот Академија Пандев во иднина да ја освои шампионската титула, а и да игра во групите во – Лига Европа.
„Многу брзо откако Брера ме контактираше за Академија Пандев, јас веднаш реков ‘ДА“. Тоа е фасцинантен проект од две причини. Прво зашто Милано е градот кој ме прими како дете и сега чувствувам дека нешто му враќам. Второ зашто Брера ќе ми помогне да го остварам сонот – да бидам македонски првак и да играме групи во Лига Европа“, вели Пандев.
На Академците сезонава не им оди најдобро, зашто по седум меча имаат седум бода, но дури пет порази откако вчера загубија и од Македонија ЃП, па моментно се осмопласирани со ист број на бодови како и Работнички кој е осмопласиран.