Бразилскиот суперталентиран тинејџер Ендрик постави рекорд во Копа Либертадорес. Тинејџерот кој има само 16 години постигна гол за Палмеирас во победата од 4:2 над Барселона од Еквадор. Со овој погодок, Ендрик стана најмладиот стрелец во историјата на ова континентално натпреварување во Јужна Америка и тоа само со 16 години и 322 дена.
Реал Мадрид го купи Ендрик за 35 милиони евра, но ќе остане во Палмеирас до летото во 2024 година. Сезонава имаше неколку блескави моменти. Постигна пет гола, но најчесто влегува од клупата за резерви и има ограничена минутажа.
За талентираниот Бразилец се вели дека треба да биде наследникот на Карим Бензема, кој изненадувачки пред неколку дена си замина од „Сантијаго Бернабеу“, иако се очекуваше да остане во Реал до 2024 година.