Селекторот на Италија, Роберто Манчини конечно го објави списокот на играчи на кои ќе смета за дуелот со Македонија на 24 март во Палермо. Интересно, иако се најавуваше, сепак Балотели го нема на спиокотм но затоа тука се сите останати кои и тоа како го прават овој тим на Италија екстра силен. Тука се тројца Бразилци, Жоргињо, Жоао Педро, Емерсон. Сепак и Македонија си има свои квалитети, јасно е дека ќе биде и тоа како „жешко“ на “Ренцо Барбера“ во Палермо.

Списокот на повиканите

Голмани: Алесио Крањо (Каљари), Џанлуиџи Донарума (Пари Сен Жермен), Пјерлуиџи Голини (Тотенхем), Салваторе Сиригу (Џенова);

Одбрана:Франческо Ачерби (Лацио), Алесандро Бастони (Интер), Кристијано Бираги (Фиорентина), Леонардо Бонучи (Јувентус), Џорџо Киелини (Јувентус), Џовани Ди Лоренцо (Неапол), Емерсон Палмиери (Лион), Алесандро Флоренци (Милан) , Луис Фелипе (Лацио), Џанлука Манчини (Рим);

Играчи од средниот ред: Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рим), Жоргињо (Челзи), Мануел Локатели (Јувентус), Лоренцо Пелегрини (Рим), Матео Песина (Аталанта), Стефано Сенси (Сампдорија), Сандро Тонали (Милан), Марко Верати (Пари Сен Жермен);

Напаѓачи: Андреа Белоти (Торино), Доменико Берарди (Сасуоло), Чиро Имобиле (Лацио), Лоренцо Инсиње (Неапол), Жоао Педро (Каљари), Матео Политано (Неапол), Џакомо Распадори (Сасуоло), Џанлука Скамакака Матијас (С. Закањи (Лацио), Николо Заниоло (Рим)