Белгија ја оствари втората победа под водство на новиот селектор Доменико Тедеско, откако триумфираше против Германија со 2-3 на пријателскиот натпревар во Келн. Со тоа е ставен крај на серијата од 13 натпревари без пораз за Германците на пријателски натпревари.
Јаник Караско го отвори резултатот во шестата минута, а само три минути Ромелу Лукаку зголеми на 0-2.
Пред одморот Никлас Фулкруг од пенал постигна гол за Германија, но Белгија во вториот дел повторно обезбеди два гола предност со погодокот на Кевин де Бруин.
Серж Гнабри во 87.минута погоди за 2-3, но Германија не можеше да стигне до реми.