Голден стејт одигра лошо прво полувреме во кое губеше со 46-63, но вториот дел беше сосема поинаков, направија комплетен пресврт и дојдоа до убедлива победа од 120-109. Главен диригент беше Стеф Кари кој постигна 39 поени, имаше и осум асистенции и осум скока. Најдобар кај Њу Орлеанс беше Инграм со 26 поени.
Кари направи и чудесно слична асистенција на Дончиќ, од агол додаде на спротивната страна и неговиот соиграч, Томпсон постигна тројка.
Асистенцијата на Дончиќ сепак беше потешка за изведба бидејќи пред него имаше двајца кошаркари и беше на работ на аут.
Резултати: Вашингтон – Востон 130-111, Атланта – Кливленд 120-118, Торонто – Мајами 106-92, Мемфис – Орландо 113-108, Оклахома – Шарлот 134-137, Голден стејт – Њу Орлеанс 120-109.