Фиорентина беше убедлива во досегашниот тек од Конференциската лига на УЕФА, но Базел дојде на „Артемио Франки“ со цел да победи – и успеа во тоа. Швајцарскиот тим ги изненади „виолетовите“ и славеше со 1-2.

Артур Кабрал ја доведе Фиорентина во водство, а израмни Енди Диуф во 71.минута. Во судиското продолжение, Зеки Амдуни се погрижи за пресврт и за триумф на Базел.

 

Две пресметки со два пресврта ги одбележаа вчерашните два полуфинални мечеви во третото по ранг европско натпреварување, а Базел направи поголем чекор кон финалето поради триумфот на „Артемио Франки“ во Фиренца.

 

Базел сега ќе го има домашниот терен за предност, иако ништо тоа не значи, ако не го повторат вечерашното второ полувреме за да дојдат до големото финале.

Вест Хем во Лондон направи пресврт во девет минути на средина од вториот дел откако Бенрама во 67-та од пенал и Антонио во 76-та постигнаа два гола за да го свртат мечот, после водството четири минути пред паузата на АЗ со гол на Рејндерс.