Фиорентина одигра само реми 1-1 против Специја во 29. коло во Серија А и ја прекина победничката серија од пет натпревари по ред.

Екипата од Фиренца поведе по 25 минути со автогол на гостите, но само седум минути подоцна Нзола погоди за 1-1.

Фиорентина доминираше во второто полувреме и создаде дури 13 шанси кон голот на Специја, но не успеа да го пронајде патот до мрежата и да оствари триумф.

По 29 одиграни кола во Серија А, Фиорентина има 41 бод на деветтото место, додека Специја има 26 бода на 17. место.