Селтик го совлада Глазгов Ренџерс со 3-2 во вечното дерби во шкотскиот шампионат и продолжија со одличната игри.
Во 26. минута од натпреварот Селтик поведе преку Фурукаши, а Ренџерс се врати во игра преку Таверние во завршницата на првиот дел.
Фурукаши со вториот гол во 62. минута ги врати домаќините во предност, а потоа Жота погоди за 3-1. До крајот на мечот Таверние постигна уште еден гол и намали на 2-3.
Селтик по 31 натпревар во шкотското првенство има 88 бодови, односно 12 повеќе од вечниот ривал.