Македонскиот репрезентативен дефанзивец, Никола Серафимов постигна гол за МОЛ Фехервар во рамките на второто коло од најдобрата лига во Унгарија.
Не помина ни една минута од натпреварот меѓу МОЛ Фехервар и ДВТК, а Серафимов одлично се снајде во шеснаесетникот на противникот и ја погоди мрежата со глава за водство на неговиот тим од 1-0.