Приказната конечно заврши! На повеќемесечната сага и дојде крајот , Марсело Брозовиќ потпиша нов договор со Интер .
Веќе нема сомнеж, Марсело Брозовиќ потпиша нов договор со Интер и ќе остане во клубот до летото 2026 година.
Спорот околу потпишувањето на договорот траеше неколку месеци, иако Брозовиќ упорно потенцираше дека не сака да го напушти Интер и дека приоритет му е да остане во клубот, а се чекаше и писмена потврда.
Таа пристигна денеска, Брозовиќ потпиша нов договор според кој стана еден од најплатените играчи на Интер.
Според неофицијални информации, ќе заработува 6,5 милиони евра годишно со бонуси до еден милион евра.
За неговите услуги беа заинтересирани многу клубови, последна беше Барселона, но Брозовиќ имаше начелен договор со Интер и не доаѓаше да се премисли.
Со овој потпис тој го реши прашањето за иднината и останува во Интер без да размислува за нов договор.