Вест Хем и Базел со Фиорентина и АЗ Алкмар се пласираа меѓу најдобрите четири екипи во Конференциската лига на УЕФА, на сосема различен начин, во своите веечерашни реванши.
Вест Хем со убедливи 4-1 го совлада Гент и дозволи само кратко во натпреварот да има неизвесност, откако првиот дуел, во Белгија заврши со 1-1. Тензични беа десетина минути во првиот дел, во кои Гент водеше, по погодокот на Кауперс во 26-тата. Сепак, Антонио го изедначи резултатот, само како најава за голеадата во второто полувреме, под која учествуваа Пакета од пенал, Рајс и повторно Антонио.
Базел мораше да мине низ вистинска драма за да ја елиминира Ница со 2-1. Клубот од азурниот брег на Франција поведе уште во деветтата минута, со голот на Лаборд и го чуваше тоа водство се до 86. минута, кога Огустин го крена швајцарскиот претставник. Ремито 1-1 беше доволно за продолженија, бидејќи првата пресметка заврши со 2-2. Стимулиран од израмнувачкиот гол, Базел одигра подобро од почеток на продолженијата и уште во 98. минута се стави во пол-позиција, преку голот на Адамс.
Во полуфиналето, Вест Хем ќе игра со АЗ Алкмар, кој вечерва дури по изведувањето пенали го мина Андерлехт, а Базел ќе оди на Фиорентина, која загуби од Лех Познањ со 2-3, но поради победата од 4-1 во првиот круг продолжи понатаму.