Шпанскиот тенисер Рафаел Надал заработи повреда на реброто во Индијан Велс и затоа нема да биде на теренот четири до шест недели.
„Бикот од Мајорка“ нема да игра на Мастерсот во Монте Карло, но и на турнирот од серијата 500 во Барселона.
Веднаш по пристигнувањето од Калифорнија во Мадрид, тој одлетал во Барселона, каде што бил прегледан од д-р Анхел Руиз Которо и констатирал руптура.
Надал призна дека е тажен, но и дека ќе биде трпелив за да се опорави.
“Ова не е добра вест. Не го очекував ова. Отсекогаш сум бил борбен и покажував победнички дух. Ќе бидам трпелив и ќе работам напорно за да се опоравам. Им благодарам на сите уште еднаш за поддршката”, изјави Надал.
Според сегашните прогнози, Надал би можел да се врати на турнирот во Мадрид кој започнува во последната недела од април.
Шпанецот сезонава има скор 20-1, а титулата ја освои во Мелбурн, на Австралија опен, Акапулко, а играше и во финалето на Индијан Велс.
Тој во понеделникот се врати на третото место на АТП листата, прескокнувајќи го Александар Зверев.