Ивановски го нападна Русинот уште во првиот гем, но сепак не искористи две брејк-топки, а нов притисок следеше во петтиот гем, каде што Шарипов повторно успеа да спаси четири шанси за брејк. Сепак, македонскиот тенисер конечно го скрши отпорот на ривалот во деветтиот гем, по што сервираше успешно за 6-4.
Шарипов имаше добар старт на вториот сет откако направи брејк за водство од 3-1, а потоа сервираше и за предност од 4-1. Сепак, Ивановски се разбуди и набрзо го врати брејкот, а потоа направи уште еден во 11. гем за на крајот да слави со 7-5.
Ивановски во следното коло ќе игра против подобриот од мечот меѓу Федерико Бондиоли и Марио Мансила Диез.