Коди Гакпо ја продолжи голгетерската форма на Мундијалот и вечерва погоди против Катар за да стане прв човек по Алесандро Алтобели кој постигнал гол на секој од првите три меча на Светско првенство .
Вториот гол за „лалињата“ падна на почетокот на второто полувреме, кога Френки Де Јонг ја затресе мрежата на Катар за да го потврди триумфот од 2-0 на Холандија.
Сенегал и Еквадор водеа вистинска војна на теренот, но сепак до победа стигна африканската репрезентација со 2-1 и тоа ги однесе на второто место во групата А.
Исмаила Сар беше стрелец на првиот гол за Сенегал, и тоа во 44. минута од пенал, по што Еквадор за момент се врати во игра и израмни преку Мојсе Каиседо во 68. минута. Сепак, Сенегал во следниот напад постигна нов гол преку Калиду Кулиабли за конечни 2-1.