Наполи со џиновски чекори се движи кон освојување на шампионската титула во италијанската Серија А. Синоќа екипата на Лучијано Спалети го победи Сасуоло на гости со 0-2 и сега има 18 бода предност во однос на Интер.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и даде голем придонес во новиот триумф, а стрелци на головите беа Кварацкелија и Осимен.
„Среќен сум кога играм и се трудам да ја стекнам и оправдам довербата кај тренерот Спалети. Среќен сум и затоа што тимот оствари нова победа. Минатата сезона имавме големи проблеми со Сасуоло. Но, сега тимот функционира добро и за тоа сите имаат своја заслуга“, изјави Елиф Елмас по најновиот триумф на Наполи.