Оксер стигна до четвртата победа во Лига 1 оваа сезона откако со пресврт триумфираше против Лион со 2-1. Сега Оксер има 18 бодови и сѐ уште се наоѓа на претпоследната позиција на табелата, но само со бод помалку од Троа, која е над опасната зона.
Муса Дембеле во 36.минута донесе водство за Лион, но вториот дел му припадна на Оксер. Гаетан Перин од пенал израмни во 50.минута, а само три минути подоцна Жубал донесе пресврт со гол за голема победа..