Захави побарал од селекторот да добие соба во која ќе биде сам и нема да има цимер, а наводно своето барање го темелел на фактот дека има проблеми со сонот и дека не може да спие добро ако во собата има уште некој. Селекторот решил да не му излезе во пресрет и Захави, без оглед колкава ѕвезда е, да не добие поинаков статус од другите колеги, па нема да биде на списокот за претстојните мечеви во Лигата на нациите.
„Еран ми рече дека тешко му е да спие со уште некој во соба, ама такво нешто не е возможно за да добие повик за репрезентацијата. Него вратата му е отворена секојпат, но од секого, па и од него, бараме максимална професионалност и заедништво“, рекол Хазан.
Захави има 35 години, моментно е член на Макаби Тел Авив, а во кариерата играше за ПСВ Ајндховен, Палермо, кинески Гвангжу, како и за Хапоел Тел Авив. Тој е најдобар стрелец на израелската репрезентација со 33 гола на 70 меча.
Според најавите после ова изостанување, само прашање на време е кога официјално ќе соопшти дека оди во репрезентативна пензија.