Милинковиќ-Савиќ со гол во 94. минута го спаси Лацио на Олимпико од пораз.
Лацио игра во лоша форма, но има среќа што и конкурентите за местата кои водат во Лигата на шампионите не се најдобри во Серија А.
Денеска тимот на Сари одигра само 2-2 против Лече, беше на прагот и на пораз, но успеа да дојде барем до бод.
Во 23. минута Стрефеца промаши пенал за Лече, а десет минути подоцна Имобиле донесе водство за Лацио од 1-0.
Пред самиот крај на првото полувреме Оудин го изедначи резултатот на 1-1, а истиот фудбалер по шест минути игра во вториот дел погоди за комплетен пресврт и водство на Лече од 2-1.
И кога се очекуваше дека гостите ќе дојда до триумф, Милинковиќ-Савиќ во 94. минута најдобро се снајде во шеснаесетникот на Лече и успеа да даде гол за конечни 2-2.
Лацио е на третото место на табелата во Серија А, но од таму ќе биде симнат доколку Интер го совлада Сасуоло утре.