Ракометарите на Данска постигнаа нова победа на Европското првенство во Германија. Фаворитот за златото беше убедлив во дуелот со селекцијата на Норвешка (29-23) и се пласира во полуфиналето.
Скандинавското дерби помина во знакот на Данците. Норвешка имаше сила да се спротистави само пет минути, додека беше еден гол негатива (5-4), а потоа тотално се распадна. Данците влегоа во пеколна серија, се одлепија на 9-4 и цело време водеа.
На полувремето беше 18-11 за Данска, во вториот дел фаворитот водеше од шест до осум гола константно. Питлик, Гидсел и Линдберг дадоа по пет голови за победникот, додека кај норвешкиот тим, Блонц имаше пет, а Сагосен четири гола.
Во последното коло од втората фаза Данска ќе игра со Словенија, додека Норвежаните ги чека ново скандинавско дерби со Шведска.
Во пресрет на последното коло, на табелата во групата прва е Данска со максимални осум бода, втора е Шведска со шест и со речиси обезбедена виза за полуфиналната фаза, па следуваат Португалија и Словенија со по четири бода, со што до крај ќе се борат за третото место кое носи разигрување за место во олимписките квалификации. Норвешка има два бода, а Холандија е без бодови со што веќе се испадната од било каква комбинација.