Сензација во Словенија: Цеље го порази фаворитот Кил

Сензација во Словенија: Цеље го порази фаворитот Кил
Ракометарите на Целје направија вистинско изненадување во рамките на 2. коло од групната фаза во Лигата на шампионите победувајќи го германски Кил на домашен терен со 38:36. Германците кои беа фаворити пред мечот наидоа на цврст орев во Словенија, па Целје уште во првото полувреме успеа да направи предност од 3 гола, која на крајот се покажа како клучна за првата победа во групата.

Неверојатна вечер имаше Влах кој средбата ја заврши со 10 погодока во дресот на Целје, а одлична партија имаа и Цокан и Иванковиќ кои постигнаа по 5 гола. Кај Кил, Винцек постигна 10 гола.

Во вториот меч одигран вечерва, Алборг без поголеми проблеми со убедлива победа се враќа од Норвешка. Данците славеа со 33:25 и ја остварија втората победа во групната фаза. Хангард постигна 7 гола и беше најефикасен кај гостите, додека во составот на Елверум забележителен настап имаше Нилсен со 5 погодоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ