Фудбалерите на Германија го освоија првото место во групата А со гол во судиското продолжение на Никлас Фулкруг во 92. минута, играјќи нерешено 1-1. Германија има седум бода и е на врвот на табелата, додека Швајцарија останува на второто место.

Фулкруг израмни со удар со глава откако Швајцарија водеше со 1-0 благодарение на голот на Дан Ндоје во 28. минута од првото полувреме.

Унгарија заврши на третото место со триумф од 1-0, постигнувајќи гол во 101. минута преку Кевин Чобот. Овој натпревар имаше долго судиско продолжение поради повредата на Барнабас Варга.

Standings provided by Sofascore