Репрезентацијата на Унгарија со гол во 100. минута ја победи и елиминира Шкотска од ЕП. Во третото коло од групата А на Европското првенство , во драматична завршница славеше Унгарија со 1-0 против Шкотска, додека Германија и Швајцарија одиграа 1-1.
Унгарија и Шкотска одиграа неверојатен натпревар со многу шанси на двете страни, а голот за победа беше постигнат дури во 10о-та минута од судиското надополнување на второто полувреме кога Кевин Чобот ја затресе мрежата на ривалот.
По едно нафрлување на пеналтикот од прекин, шкотскиот голман Ган скокна високо и веројатно го удри противничкиот напаѓач Барнабас Варга. Унгарецот падна како покосен на тревникот и по некое време загуби свест.
За среќа докторите реагираа бргу, им помогнаа и фудбалерите кои направија барикада за да не се гледа што се случува на тревникот. Варга беше на носилка изнесен од теренот и веднаш пренесен во болница во Штутгарт.
Швајцарија и Германија се пласираа во осминафинале на ЕП, додека Унгарија има три бодови и ќе се надева дека ќе добие место меѓу најдобрите затоа што во моментов е во кругот со третопласирани селекции од своите групи.