Португалецот би можел да го пропушти денешниот натпревар против Кристал Палас во Премиер лигата.
Роналдо беше творец на победата на Јунајтед над Арсенал (3-2) во четвртокот вечерта, но се повреди при прославата. Тој почувствувал болка во коленото, откако традиционално скокна во воздух и извика „сиуууу“.
Денешниот дуел со Кристал Палас ќе биде можност и за новиот менаџер Ралф Рангник да се претстави пред публиката на „Олд Трафорд“.