ПСВ Ајдховен го освои првиот трофеј во холандскиот фудбал оваа сезона, со победа над Феенорд во Супер купот со минимални 1-0. Феенорд беше шампион минатата сезона, а ПСВ го освои Купот на Холандија, но заврши и на втората позиција во првенството.

Дуелот на двете најдобри екипи во холандскиот фудбал беше решен во 79-тата минута кога Ноа Ланг успеа да го пронајде патот до мрежата на Феенорд.

За ПСВ ова е 14-ти трофеј од ова натпреварување, а трети во серија.