Чудото Клаксвик од Ф. Острови ја живее својата фудбалска бајка ова лето. Клубот веќе е во 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, таму се среќава со Молде, и ако победи ќе игра во плеј – офот во ЛШ а ќе има загарантиран пласман во групната фаза во ЛЕ.
И да биде елиминиран од клубот од Норвешка, ќе има загарантиран пласман во групната фаза во Лигата на Конференции. Официјално чудото од Ф. Острови наесен ќе игра групна фаза, дали во ЛШ, или во ЛЕ или ЛК, сеедно.
Еден од оние херои на тимот од Ф.Острови е Дени Павловиќ, српски фудбалер, кој за медиумите во Србија кажа една интересна информација.
“На Ф.Острови сите играчи кои играат фудбал работат и други работи. Разликата меѓу нашиот клуб и останатите е што има и репрезентативци и странци, но и репрезентативците имаат други работни места. За разлика од останатите клубови во Клаксвик сите играчи се или директори или луѓе на високи позиции во своите фирми, само еден е електричар. Но сите се почитувани поради овие резултати на Клаксвик“.