Во дуелот на двете Борусии, онаа од Менхенгладбах и Дортмунд, домашната екипа од Гладбах беше минимално подобра забележувајќи ја само втората победа во сезоната .
Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах ја забележаа само втората победа, а Дортмунд само вториот пораз во шестото коло од Бундеслигата, што донесе дуел помеѓу овие „имењаци“.
Марко Роуз сепак не успеа да го победи својот поранешен клуб на враќање во Менхенгладбах, домаќинот славеше со минимални 1: 0 и со тоа стана првиот тим што целосно го сопре нападот на Дортмунд оваа сезона и го остави без голови.
Затоа беше доволен само еден гол за победа, а го постигна Денис Закарија во 37. минута кога брилијантно реагираше на блокираната топка. Три минути подоцна се случи уште еден пресврт на натпреварот, Махмуд Дахуд доби црвен картон.
ВИДЕО
Дортмунд мораше да брка израмнување со играч помалку во текот на второто полувреме, но тоа не им успеа. Дортмунд е втор со 12 поени по вториот пораз сезонава, додека Гладбах стигна само до седмиот бод и се наоѓа на 11 -то место.