Каков луд натпревар вечерва на “Мараси“ меѓу Џенова и Верона во рамките на 6.коло во Серија А.
Гостите имаа водство до 77.минута од 2:0, и тоа со головите на Симеоне и Барак. И потоа се случи чудо, Џенова “воскресна“ и дојде до 3:2, и тоа со головите на Кришито во 77. иво 80.минута, за да Дестро на асистенција на Пандев, на магичен начин постигна гол за 3:2.
Сепак ова не беше крај, имено Калиниќ во 90+1.ги постави конечните 3:3. Фудбал за уживање, фудбал за инфаркт. Фудбал во кој гледачите на “Мараси“ посто уживаа.
Гранде Пандев влезе во игра на почетокот на второто полувреме, доби жолт, но одигра добри 45.минута. Во 95.минута имаше и шанса за гол за победа, но сепак немаше среќа.