Новиот голман на Манчестер Јунајтед Андре Онана има лошо деби на „Олд Трафорд“. Манчестер Јунајтед игра пријателски натпревар против Ленс во пресрет на новата сезона во Премиер – лигата, и прими гол од центарот на теренот.

Во 23.минута, Флоријан Сотока, фудбалерот на Ленс, забележа дека Онана е далеку од гол-линијата и реши да го лобува со шут од центарот на теренот. Постигна спектакуларен гол, а Онана заврши во сопствената мрежа.