Швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло од Арсенал, Гранит Џака ги збесна Србите со некултурниот потег кога ја испровоцира цела клупа, па ќе се тепаше со Немања Миленковиќ во судиското надополнување, за уште повеќе да ги испровоцира северните соседи со дресот на славјето за осминафинале – Јашари.
Прва алузија на Јашари е основачот на УЧК, Адем Јашари, по што Србите збеснаа на потегот на Џака, но фудбалерот на Арсенал изјави дека не станува збор за политичка порака и провокација, туку за млад фудбалер кон кого сакал да му изрази поддршка.
„Не беше тоа политичка порака каква што мислите, туку се однесува на еден млад фудбалер кон кого сакав да испратам полна поддршка. Знам како му е, а и јас бев млад и само сакам да му помогнам“, рече Џака.