Навистина изгледа неверојатно, ама во македонскиот фудбал постои фудбалер кој на 148 натпревари постигнал неверојатни 156 гола, а тоа е Ерџан Ибраимоски.
Ново Црнилиште му е матичен клуб на Ибраимоски и игра во Третата македонска лига – Југ, а тој за екипата настапува од сезоната 2015/16, а бројките му се навистина импресивни.
Во првата сезона постигнал 17 гола на 19 натпревари, но потоа постана вистинска гол-машина, при што најмногу погодоци (30 на 26 меча) дал во 2016/17 во Општинската фудбалска лига.